0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Бекер: Мареј треба да биде пример за сите спортисти

Мареј беше поразен во второто коло - подобар од него беше Феликс Оже-Алиасим со 6:2, 6:3, 6:4.

Њујорк, 4 септември 2020 (МИА) – Легендарниот Борис Бекер имаше само пофални зборови за Енди Мареј за сè што покажа поранешниот бр.1 на светот на УС Опен.

Мареј беше поразен во второто коло – подобар од него беше Феликс Оже-Алиасим со 6:2, 6:3, 6:4.

Претходно, Британецот го победи Јошихит Нишиоку во првото коло, откако заостануваше два сета и се соочи со меч топка.

– Енди Мареј треба да биде пример за сите спортисти. Тој е еден од најголемите борци. Освои три Гренд слема во својата кариера, не затоа што има најдобар сервис или форхенд, туку затоа што има најголемо срце. Кога е целосно подготвен, тоа е неговото најсилно богатство, вели Германецот.

УС Опен беше првиот Гренд слем во кој учествуваше Мари од Австралија опен минатата година.

Таг
Back to top button
Close
Close