Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Бегун во посета на Москва и на Вилнус поради кризата во Белорусија

Американскиот заменик државен секретар Стивен Бегун во најскоро време ќе ја посети Русија и Литванија, а тема на разговорите ќе биде разрешување на кризата во Белорисоја, јавија некои американски медиуми

Вашингтон, 22 август 2020 (МИА) – Американскиот заменик државен секретар Стивен Бегун во најскоро време ќе ја посети Русија и Литванија, а тема на разговорите ќе биде разрешување на кризата во Белорисоја, јавија некои американски медиуми.

Поранешен висок претставник на Стејт департментот изјави дека Бегун ќе ги посети Москва и Вилнус, каде моментално престојува Светлана Тихановскаја, според мислењето на опозицијата победник на претседателските избори.

Друг извор посочи дека Бегун ќе отпатува за Москва за да спречи руска интервенција во Белорусија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно го повика претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој себеси се објави за победник на изборите и користеше жесток притисок врз мирните протести, да прифати меѓунардна помош во преговорите со опозицијата.

Помпео исто така ја предупреди Русија дека нема да се толерира руско мешање во внатрешните работи на Белорусија. кб/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close