СветСвет.Портал

Бејрут: Либанци и Палестинци на протест поради планот на Трамп

Стотици Либанци и Палестинци протестираа денеска во близина на американската амбасада во Либан поради планот на Белата куќа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Бејрут, 2 февруари 2020 (МИА) – Стотици Либанци и Палестинци протестираа денеска во близина на американската амбасада во Либан поради планот на Белата куќа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Учесниците на протестот извикуваа „Смрт за Америка! Ние ќе умреме, а Палестина ќе преживее“.

Демонстрантите, носејќи палестински знамиња, се собраа на патот кој води кон зградата на американската амбасада во Бејрут, а било зајакнато и присуството на либанската војска и полиција.

Тие ја отстраниле бодликавата жица и се приближиле до железната ограда, поставена од припадниците на безбедносните сили. Полицијата употреби солзавец за да ги растера некои од демонстрантите.

Во Либан живеат десетици илјади палестински бегалци и нивните семејства. Во 12 бегалски кампови досега се одржани протести откако американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го објави планот за Блискиот Исток. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close