0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл постигна гол па се повреди на средбата со Стоук

Велшкиот репрезентативец во редовите на Тотенехем, Герет Бејл заработи повреда синоќа на натпреварот (3:1) со Стоук во Лига купот на Англија. Тој беше стрелец на првиот гол за тимот од Лондон.

Стоук, 24 декември 2020 (МИА) – Велшкиот репрезентативец во редовите на Тотенехем, Герет Бејл заработи повреда синоќа на натпреварот (3:1) со Стоук во Лига купот на Англија. Тој беше стрелец на првиот гол за тимот од Лондон.

Триесет и едногодишниот фудбалер беше заменет на полувремето.

– Тоа беше одлука на Герет. Тој почувствува дека нешто не е во ред. Веднаш ми кажа за тоа кога влеговме во соблекувалната за време на паузата. Не знам колку е сериозно, треба да ги почекаме прегледите, соопшти тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо.

Бејл игра за Тотенхем на позајмица од Реал Мадрид. Во сезоната 2020/21, фудбалерот одигра 11 натпревари со Спарс и постигна три гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close