0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл недостапен за повеќето клубови и е среќен во Реал Мадрид

Џонатан Барнет, агент на фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, ги негираше гласините дека неговиот клиент ќе го напушти клубот.

Мадрид, 3 февруари 2020 (МИА) – Џонатан Барнет, агент на фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, ги негираше гласините дека неговиот клиент ќе го напушти клубот.

– Герет е многу среќен во Реал Мадрид. И, да бидеме реални, за повеќето клубови, тој не е достапен од финансиска гледна точка. Лесно е да се каже: „Намалете ја цената, одете во друг клуб и играјте таму, но не станува збор само за плата“. Ова се однесува на неговиот животен стил и неговите деца кои израснале во Мадрид, изјави Барнет.

Тој додава дека Велшанецот најверојатно ќе го одработи целиот договор во Реал, а потоа отворени се сите опции.

  • Бејл е во многу добра ситуација. Кога неговиот договор ќе заврши, тој ќе разговара за ситуацијата со мене и со неговото семејство и ќе одлучи што сака да стори следно.

Фудбалерот игра за Реал Мадрид од 2013 година. Оваа сезона тој настапи на 12 натпревари во Ла Лига за мадридскиот клуб, постигна два гола и забележа две  асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close