0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл и Регилон на лекарски преглед пред трансфер во Тотенхем

Двајца играчи на Реал Мадрид, дефанзивецот Серхио Регилон и напаѓачот Герет Бејл, се подготвуваат да му се приклучат на Тотенхем, објави „Скај Спорт“.

Мадрид, 17 септември 2020 (МИА) – Двајца играчи на Реал Мадрид, дефанзивецот Серхио Регилон и напаѓачот Герет Бејл, се подготвуваат да му се приклучат на Тотенхем, објави „Скај Спорт“.

Според изворот, двајцата ќе бидат подложени во Мадрид на медицински преглед. После тоа, пријавено е дека играчите летаат за Лондон за да го комплетираат трансферот во Тотенхем.

Регилон ќе стане редовен фудбалер на Спарс, а Бејл ќе ја помине сезоната 2020/21 со англискиот тим на позајмица. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close