0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл фати „голф стап“ за време на тренинг со Реал (видео)

Поранешниот играч на Тотенхем имитира како играј голф за време на некои од неговите индивидуални вежби денес.

Мадрид, 6 декември 2019 (МИА) – Велшкиот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл не се секира поради критиките дека е опседнат со голф.

Поранешниот играч на Тотенхем имитира како играј голф за време на некои од неговите индивидуални вежби денес.

Бејл застана во поза за удар, имитирајќи дека држи голф стап (видете во видеото).

Во меѓувреме, менторот Зинедин Зидан ја објави групата за утрешниот натпревар со Еспањол.

Како што се очекуваше, Бејл, Азар и Марсело останаа надвор од списокот.

Таг
Back to top button
Close
Close