0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Беџети: Нашата понуда, Движењето Беса ја сметаше за несериозна, навредлива

Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците на новинарско прашање истакна дека тие како политички субјект биле заинтересирани за трипартиска коалиција, но Движењето Беса ја сметала за несериозна, дури и, како што рече, навредлива.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците на новинарско прашање истакна дека тие како политички субјект биле заинтересирани за трипартиска коалиција, но Движењето Беса ја сметала за несериозна, дури и, како што рече, навредлива.

-Ние, како политички субјект бевме заинтересирани за трипартиска коалиција, но меѓутоа Движењето Беса досега ја одбиваше нашата понуда, која беше сериозна, амбициозна. Таа понуда имаше за цел да ја промени ситуацијата кај албанскиот политички блок, но меѓутоа тоа не зависеше само од нас, рече Беџети.

Ние бевме максимално коректни , посочи тој, затоа што сакавме да ги приближиме сите во еден столб кој ќе биде предводен од Алијансата за Албанците.

-Со соединувањето во еден столб сакавме да ги поразиме ДУИ и да донесеме политичка промена во албанската политичка сцена. Ќе продолжиме да создаваме попроширени коалиции и со јавниот сектор, затоа што секогаш сме заинтересирани сите Албанци кои сакат да направат промени да бидат дел од овој столб, потенцира Беџети.фф/ац/

Back to top button
Close
Close