КошаркаСпортСпорт.Слајдер

Баскет КАМ и Бадел 1862 во Јадранската кошаркарска лига

Македонската женска клупска кошарка следната сезона за прв пат ќе има двајца претставници во Јадранската лига (WABA), откако своето учество во регионалното натпреварување денеска го потврдија освојувачот на двојната круна Баскет КАМ и вицешампионот Бадел 1862.

Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Македонската женска клупска кошарка следната сезона за прв пат ќе има двајца претставници во Јадранската лига (WABA), откако своето учество во регионалното натпреварување денеска го потврдија освојувачот на двојната круна Баскет КАМ и вицешампионот Бадел 1862.

Регионалната лига во сезоната 2021/22 ќе ја сочинуваат вкупно 13 екипи, а покрај Баскет КАМ и Бадел 1862, учеството го потврдија ЖКК Будуќност Бемакс (Црна Гора), ЖКК Цинкарна Цеље (Словенија), ОКК Феникс, КК Орлови-Бања Лука (БиХ), ЖКК Војводина 021 (Србија), БК Берое, БК Монтана 2003 (Бугарија), КЖК Партизан 1953 (Србија), ЖКК Пламен Пожега (Хрватска), ЖКК РМУ Бановичи (БиХ) и ЖКК Триглав (Словенија).

Екипата на Баскет КАМ сезонава ја освои својата прва шампионска титула во македонската кошаркарска лига, совладувајќи го во финалната серија Бадел 1862, откако кошаркарските од Македонска Каменица претходно славеа над истиот противник и во финалето на националниот куп. ег/оџ/

Back to top button
Close
Close