Svet.SlajderСветСвет.Портал

Башар Асад закажа парламентарни избори на 13 април

Сирискиот претседател Башар ал Асад закажа парламентарни избори во земјата на 13 април, соопшти пресслужбата на сирискиот лидер.

Дамаск, 3 март 2020 (МИА) – Сирискиот претседател Башар ал Асад закажа парламентарни избори во земјата на 13 април, соопшти пресслужбата на сирискиот лидер.

– Изборите за членови на сирискиот парламент се закажани за понеделник, 13 април 2020 година, се наведува во соопштението на Асад.

На изборите во 2016 година одѕивот на гласачите изнесувал 57,56 отсто. Тогаш за 250 места во парламентот, половина од кои традиционално им припаѓаат на претставници на работничката класа и селаните, се бореа 3.500 кандидати. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close