БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Баша: Псевдо-тужба на Рама против Харадинај, грда анти-национална перверзност

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, остро го критикуваше премиерот Еди Рама за обвинението против Рамуш Харадинај.

Тирана,17 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, остро го критикуваше премиерот Еди Рама за обвинението против Рамуш Харадинај.

Во реакција на Фејсбук, Баша вели дека псевдо-судската постапка на Еди Рама против косовскиот премиер е „низок чин што ги срами сите Албанци и како таков заслужува легитимно отфрлање и револт“.

– Псевдо тужбата на Еди Рама против косовскиот премиер е грда анти-национална перверзија. Срамно е Рамуш Харадинај, по неговата крв и неговото семејството за ослободување на Косово, по битките со монтирани обвиненија од Белград, да се соочува со последиците од дегенерацијата и вазализмот на Еди Рама. Овој низок чин што нè засрами сите заслужува легитимно отфрлање и револт против неуспешниот премиер и неговиот политички и морален банкрот пред Албанија и целата албанска нација, напиша Баша.

Премиерот на Албанија Еди Рама поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, за клевета. Рама тужбата ја поднесе пред Основниот суд во Приштина.

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Во тужбата се споменуваат неколку емисии, во кои Харадинај зборувал на оваа тема и го обвинил Рама дека заедно со претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја иницирале идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово.

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај рече дека ќе одоговори на поканата на судот и додаде дека тужбата нема никаква основа.

– Тужбата од страна на премиерот Рама е целосно неоснована, се работи за политички диверзитет што се прави од негова страна за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово има луѓе кои ќе ја бранат неа во секое време, напиша Баша. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close