БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Баша: Корупцијата е главниот проблем што странските инвестиции ја заобиколуваат Албанија

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, во објава на Твитер пишува дека корупцијата е главниот проблем што е таа што странските инвестиции ја заобиколуваат Албанија а тоа, според Баша, го потврдила и американската трговска комора.

 

Тирана, 10 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, во објава на Твитер пишува дека корупцијата е главниот проблем што е таа што странските инвестиции ја заобиколуваат Албанија а тоа, според Баша, го потврдила и американската трговска комора.

Додава дека потенцијалот на Албанија за привлекување инвестиции е уништен од страна на влада во чија генеза е корпцијата и заробената држава.

„Амерканската трговска комора констатира, што не е никакво изненадува, дека корупцијата е главниот проблем поради кој Албанија заостанува кога станува збор за привлекување странски инвестиции. Корупцијата е на највисоко ниво и непростливо ја краде иднината на нашата земја. Истата почитувана институција го пофали денешниот огромен потенцијал на Албанија за привлекување инвестиции. Но, овој потенцијал за развој е уништен од страна на влада во чија генеза е корупцијата заробената држава, пишува Баша на Твитер.

Деновиве Агенцијата „Стандард и Пурс“ оцени дека албанската економија е под закана од падот на инвестициите и побара од Владата во Тирана итно да ја подобри деловната клима

Во својот последен извештај за проценка, агенцијата наведува дека малиот број инвестициски проекти кои се на видик создале ризици за албанската економија и оти ќе го забават економскиот раст во земјата. вт/

Back to top button
Close
Close