0_Македонија.ПорталМКДОпштество

Бас Рапид Транзит системот ќе биде интегриран во јавниот транспорт и ќе има единствена карта, најави Шилегов

Целиот систем за новиот јавен транспорт ќе биде дигитализиран. Картите како такви ќе дадат безброј можности кои што граѓаните ќе можат да ги користат на секој начин. Ќе може да се купи карта за еден час и да се користат во останатиот систем на ЈСП и Бас Рапид Транзит системот, кој ќе биде интегриран во системот на јавниот транспорт и ќе има единствена карта, рече градоначалникот на Град Скопје на денешната прес-конференција по повод потпишување договор за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Целиот систем за новиот јавен транспорт ќе биде дигитализиран. Картите како такви ќе дадат безброј можности кои што граѓаните ќе можат да ги користат на секој начин. Ќе може да се купи карта за еден час и да се користат во останатиот систем на ЈСП и Бас Рапид Транзит системот, кој ќе биде интегриран во системот на јавниот транспорт и ќе има единствена карта, рече градоначалникот на Град Скопје на денешната прес-конференција по повод потпишување договор за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје.

Шилегов најави дека се очекува во текот на летото да биде распишана постапка за имплементација, а првата релација се очекува да биде завршена некаде кон крајот на 2024 година. Како што кажа, некаде кон 2023 година би била постапката за втората фаза, а целокупниот систем би бил оперативен и во вкупна употреба во 2024/25 година.

– Очекувам дека во текот на летово ќе заврши тендерската постапка која го темели целиот систем. Интервенција во инфраструктурата, онаму каде што е потребна, изградба на депото во Ново Лисиче, Ѓорче Петров, набавка на софтверски систем за имплементација на целокупниот систем, набавка на автобуси, нови станици од затворен тип, најави Шилегов.

Според системот, дополни, нема да можете да влезете во автобусите, ако не ја валидирате картата, со што, според тоа, ќе се намали времето на влез и излез, затоа што патниците кои веќе ќе се наоѓаат на автобуската станица ќе бидат со чекирани карти и нема да се прави гужва во самото возило.

– До таа мера е автоматизиран системот што во затворената автобуска станица на моментот кога ќе застане возилото, во тој момент се отвораат вратите и од возилото и од станицата со цел да имаме таков трансфер, сподели Шилегов.

Дополни дека на железничката станица во Скопје помеѓу пероните и станицата од Бас Рапид Транзитот е во план да се направи топла врска со цел патниците што доаѓаат во Скопје да не ја напуштаат или да не мора да кружат околу, туку директно да ги користат услугите.

Во однос на прашањето колку автобуси ќе се набават, Шилегов информираше дека тоа ќе зависи од фазата, односно во првата 26, а за втората се некаде околу 22.

– Тие се сè уште да речам во секундарна сфера како предмет на набавка затоа што е многу комплексен целиот систем кој што освен интервенции во инфраструктурата бара и посебни софтверски решенија, посебен систем за водење на целокупниот превоз. Системот на градот Скопје ќе биде посветен токму на Бас Транзит транспортот како таков, и оттука тие се фази кои што ќе бидат распишани, кажа Шилегов.

Првин да се добие квалитетна тендерска документација, да се распише тендерот за имплементација на системот, а втората постапка која што би ја спровеле, како што кажа, која што не бара толку голема посветеност и експертиза, е постапката за набавка на возилата.

За реализација на овој проект Европската банка за обновлив развој ќе додели заем во износ од 70 милиони евра на која рокот за отплата е 15 години со грејс период од четири години. свс/ар/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close