0_Спорт.ПорталРезултатиСпорт.СлајдерТенис

Барти стигна до петтата титула оваа сезона

Првиот светски рекет Ешли Барти вечерва во финалето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Жил Белен Тишман (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.

Синсинати, 22 август 2021(МИА) – Првиот светски рекет Ешли Барти вечерва во финалето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Жил Белен Тишман (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.

За Австралијанката, ова е петти трофеј во 2021 година и 13. во кариерата.

Во мечот којшто траеше еден час и 13 минути, Барти сервираше осум аса, наспроти 2 на Тишман. Во винери победничката беше подобра со 28:12.

Билансот на Барти оваа сезона е 40 победи и седум порази. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close