0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Барти победи на сите натпревари против тенисерки од Топ 20 оваа сезона

Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Мадрид денес ја победи Петра Квитова (6:1, 3:6, 6:3) која е 12-та на светската ранг-листа.

Мадрид, 5 мај 2021 (МИА) – Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Мадрид денес ја победи Петра Квитова (6:1, 3:6, 6:3) која е 12-та на светската ранг-листа.

Австралиската тенисерка ги доби сите 10 меча против најдобрите 20 во тековната сезона.

Таа исто така ја освои 15-тата победа по ред на црвена глина. Претходно загуби оваа година во Чарлстон на зелена глина.

Во полуфиналето, Барти ќе игра со Пола Бадоса, од која загуби во Чарлстон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close