0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Барти го освои вториот трофејот на Мастерсот во Мајами

Првиот светски рекет Ешли Барти ја одбрани титулата на турнирот во Мајами. Таа вечерва со 6:3 по првиот и 4:0 во вториот сет кој Бјанка Андреску го предаде го освои трофејот на престижниот Мастерс.

Мајами, 3 април 2021 (МИА) – Првиот светски рекет Ешли Барти ја одбрани титулата на турнирот во Мајами. Таа вечерва со 6:3 по првиот и 4:0 во вториот сет кој Бјанка Андреску го предаде го освои трофејот на престижниот Мастерс.

Австралијката е втора по Дарија Касаткина што освои две титули оваа сезона (првата во Мелбурн).

Воедно за Барти ова е јубилеен 10 трофеј на ВТА турнирите.

Барти е првата тенисерка по Серена Вилијамс по шестгодишна пауза која стигнува до трофејот како прва носителка и е шестата тенисерка која успеа да ја одбрани титулата во Мајами.

По овој успех, Австралијката ќе продолжи да биде лидер на ВТА ранг-листата најмалку уште еден месец – до турнирот во Мадрид, кој започнува на 3 мај. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close