0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Барселона се врати на минус четири бода во однос на Реал

Актуелниот шпански шампион Барселона не се откажува од одбрана на трофејот. Каталонците синоќа на тешкото гостување кај Виљареал забележаа победа со 4:1 и не му дозволија на Реал Мадрид многу да се одлепи на врвот на табелата во Ла Лига.

Виљареал, 6 јули 2020 (МИА) – Актуелниот шпански шампион Барселона не се откажува од одбрана на трофејот. Каталонците синоќа на тешкото гостување кај Виљареал забележаа победа со 4:1 и не му дозволија на Реал Мадрид многу да се одлепи на врвот на табелата во Ла Лига.

Головите за Барселона ги постигнаа Франциско Торес (автогол), Луис Суарез, Антоан Гризман и Ансумане Фати, додека за Виљареал погоди Џерард Морено.

Со овој меч се комплетира 34. коло по кое Реал има 77 бода, Барселона 73, Атлетико Мадрид 62, Севиља 57, Виљареал 54,… зс/

Таг
Back to top button
Close
Close