0_Спорт.ПорталФудбал

Барселона на средбата со Гранада со најмногу удари кон противничкиот гол во последните седум години

Фудбалерите на Барселона изборија пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија по синоќешната гостинска победа над Гранада со 5:3 (по продолженија).

Гранада, 4 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерите на Барселона изборија пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија по синоќешната гостинска победа над Гранада со 5:3 (по продолженија).

Каталонците упатија 36 удари кон противничкиот гол, од кои 20 во рамките на голот. Оваа бројка е највисока за тимот од „Камп ноу“ од сезоната 2013/14.

На натпреварот против Гранада, напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ја направи својата 300. асистенција во кариерата.

Ждрепката за полуфиналето на Купот на Шпанија ќе се одржи утре (5 февруари). Во моментов, познати се три учесници во полуфиналната фаза: Барселона, Леванте и Севиља. Четвртиот полуфиналист ќе биде одреден вечер по натпреварот Бетис – Атлетик. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close