0_Спорт.ПорталФудбал

Барселона на гостувањето кај Алавес отиде само со 13 играчи несметајќи ги голманите

Сè уште актуелниот шпански фудбалски шампион Барселона го објави составот за последниот натпревар од првенството во сезоната 2019/20 против Алавес. На списокот се наоѓаат само 16 фудбалери меѓу нив тројца се голмани.

Барселона, 18 јули 2020 (МИА) – Сè уште актуелниот шпански фудбалски шампион Барселона го објави составот за последниот натпревар од првенството во сезоната 2019/20 против Алавес. На списокот се наоѓаат само 16 фудбалери меѓу нив тројца се голмани.

– Имаме 16 играчи во апликацијата, не повеќе. Треба да бидеме доследни и да размислувате за Лигата на шампионите, каде исто така имаме дисквалификувани и повредени играчи, изјави за „АС“ тренерот на Каталонците, Кике Сетиен.

Барселона веќе го загуби трофејот во Ла Лига. Во пресрет на последното коло закажано за утре, Барселона е втора со 79 бода, лидер и нов шампион е Реал Мадрид кој собра 86 бода по 37 одиграни кола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close