0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барселона може да го врати Пјаниќ во Јувентус во замена за Бентанкур

Фудбалерот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ, може да се врати во Јувентус.

Барселона, 11 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ, може да се врати во Јувентус.

Според радиото „РАЦ1“ претставници на клубовите неодамна се состанале за да разговараат за можното враќање на Босанецот.

Се претпоставува дека Пјаниќ може да биде заменет со уругвајскиот играч за врска на Јуве, Родриго Бентанкур.

Во моментов преговорите се прекинати, но Барселона и Јувентус се согласија дека можат да ги продолжат во секое време.

Пјаниќ се пресели во каталонскиот клуб минатото лето како резултат на размена за Артур. За слична размена се разговара и за 23-годишниот Бентанкур. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close