0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барселона има само осум бода по шест кола во Ла Лига, првпат по 18 години

Фудбалскиот клуб Барселона, покрај финансиска, се наоѓа и во резултатска криза. Каталонците синоќа ремизираа на гостувањето кај Алавес (1:1) во рамките на 8. коло од шпанското првенство.

Барселона, 1 ноември 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Барселона, покрај финансиска, се наоѓа и во резултатска криза. Каталонците синоќа ремизираа на гостувањето кај Алавес (1:1) во рамките на 8. коло од шпанското првенство.

Барселона под водство на Роналд Куман има освоено само осум бода по шест натпревари во Ла Лига. Ова се случува првпат од сезоната 2002/03, кога тимот го водеше Луј ван Гал.
Воедно, ова е најлошиот резултат на Барселона во Ла Лига откако се доделуваат три бода за победа во натпревар од лигата.

На крајот од таа сезона, каталонскиот клуб заврши на 6. Место.

Екипата нема победа во Ла Лига веќе еден месец. Серијата на Барселона без победи трае четири натпревари – два пораза, две нерешени средби.

Следниот натпревар во домашниот шампионат Барселона го игра на 7 ноември, со Бетис на домашен терен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close