0_Спорт.ПорталФудбал

Барселона го обнови интересот за Бернардески

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески може да ја продолжи кариерата во Барселона. Каталонскиот клуб го обнови интересот за 26-годишниот Италијанец.

Барселона, 11 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески може да ја продолжи кариерата во Барселона. Каталонскиот клуб го обнови интересот за 26-годишниот Италијанец.

Во зима, Јувентус и Барса преговараа за размената на Бернардески со Ракитиќ.

Претходно се дозна дека Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на 19-годишниот крилен играч Дејан Кулушевски од Парма.

Договорот на Италијанецот со Јувентус се пресметува до јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close