0_Спорт.ПорталФудбал

Барселона е подготвена да го продолжи договорот со Семедо

Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо може да го обнови договорот со каталонскиот клуб.

Барселона, 3 август 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо може да го обнови договорот со каталонскиот клуб.

Според „Мундо Депортиво“ раководството на Барселона е во преговори со агентот на 26-годишниот фудбалер за можно продолжување на договорот до 2025 година.

Новиот договор ќе значи и поставување на износ на обесштетување во висина од 100 милиони евра.

Тековниот договор на Семедо е со важност до 2022 година.

Во сезоната 2019/20, Семедо одигра 40 натпревари на сите турнири, во кои постигна еден гол, направи три асистенции и заработи пет жолти картони. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close