0_Спорт.ПорталФудбал

Барселона ќе банкротира доколку играчите не се откажат од намалување на платите

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона може да банкротира, ако клубот не се договори со играчите за намалување на платите пред крајот на следната недела, пренесува „АС“.

Барселона, 31 октомври 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона може да банкротира, ако клубот не се договори со играчите за намалување на платите пред крајот на следната недела, пренесува „АС“.

Според изворот, каталонскиот клуб треба да го скрати платниот список на 190 милиони евра.

Забележано е дека преговорите меѓу клубот и играчите започнале вчера, на 30 октомври. Барселона мора да ги намали платите на сите фудбалери за 30 проценти до 5 ноември, во спротивно клубот ќе оди во банкрот во јануари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close