0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барса знае какви играчи треба да привлечат, за да му помогнат на Меси

Предизвикот за клубот е јасен - да не се повторуваат старите грешки, да се преземат играчи кои се резерви или имаат периферна улога. Барселона веќе знае што сакаат играчите - најмалку двајца дефанзивци и двајца напаѓачи, едниот кој може да игра на крило и другиот кој може да го замени Луис Суарез.

Барселона, 3 март 2020 (МИА) – По последниот „Ел Класико“, во кој Барселона загуби со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“, Каталонците решија да севклучат силно на трансфер пазарот, за да изградат цврст тим околу Лионел Меси и тој да може да ужива во последните години на „Камп Ноу“

Предизвикот за клубот е јасен – да не се повторуваат старите грешки, да се преземат играчи кои се резерви или имаат периферна улога. Барселона веќе знае што сакаат играчите – најмалку двајца дефанзивци и двајца напаѓачи, едниот кој може да игра на крило и другиот кој може да го замени Луис Суарез.

Клубот е свесен дека на тимот му треба освежување и треба играчи кој ќе гоподдржат Меси и ќе му помогнат да се бори на три фронта. Одбраната сигурно ќе бара централен дефанзивец, како и десен бек за решавање на проблемите што ги имаат од 2016 година по заминувањето на Дани Алвеш.

Таг
Back to top button
Close
Close