0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барса става етикета „се продава“ на Гризман

Изданието смета дека „блаугранас“ би биле задоволни доколку добијат понуда за напаѓачот вреден околу 100 милиони. Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен, Челзи и Арсенал ја следат ситуацијата. Од „Камп Ноу“ разгледуваат и други опции за разделба со Гризман. Шефовите од Барса имаат тенденција да го искористат за нова зделка (на пример, Нејмар). Опција е и изнајмување, како што се случи со Филипе Кутињо, кој доби само година и пол да ги покаже своите квалитети со екипата на Барса.

Барселона, 22 март 2020 (МИА) – Раководството на Барселона сака да се раздели со Антоан Гризман, според „Дијарио Спорт“. Каталонското издание посочува дека „Лос Кулес“ не се задоволни од адаптацијата на францускиот стрелец и сакаат да вратат назад голем дел од вложените пари. Минатото лето, Барса даде 120 милиони евра за активирање на клаузулата за Гризман, предизвикувајќи затегнати односи со Атлетико Мадрид.

Изданието смета дека „блаугранас“ би биле задоволни доколку добијат понуда за напаѓачот вреден околу 100 милиони. Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен, Челзи и Арсенал ја следат ситуацијата. Од „Камп Ноу“ разгледуваат и други опции за разделба со Гризман. Шефовите од Барса имаат тенденција да го искористат за нова зделка (на пример, Нејмар). Опција е и изнајмување, како што се случи со Филипе Кутињо, кој доби само година и пол да ги покаже своите квалитети со екипата на Барса.

Ако Барселона навистина сака да се раздели со Гризман, тоа значи дека фудбалерот ќе има само една сезона да се прилагоди во која ќе се докаже. Според каталонските медиуми, голема цел на претседателот Пеп Бартомеу е да го врати Нејмар.

Таг
Back to top button
Close
Close