0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барса се уште се надева дека Лаутаро ќе го замени Суарез

Постоеја контакти со агентот на играчот за тоа дали е можно да се оствари трансферот овој месец. Од финансиска гледна точка, сепак, ова не е можно. Мартинез има договор со „нероазурите“ до 2023 година, но во текотна 15 дена во јули, неговата клаузула е 111 милиони евра. Нешто што Барселона многу добро го знае.

Барселона, 27 јануари 2020 (МИА) – Барселона сè уште ја истражува секоја можност за привлекување замена за Луис Суарез, кој ќе биде на теренот во наредните 4 месеци. Некои од зделките се чини дека се невозможни за Каталонците, како што е привлекувањето на Лаутаро Мартинез од Интер.

Постоеја контакти со агентот на играчот за тоа дали е можно да се оствари трансферот овој месец. Од финансиска гледна точка, сепак, ова не е можно. Мартинез има договор со „нероазурите“ до 2023 година, но во текотна 15 дена во јули, неговата клаузула е 111 милиони евра. Нешто што Барселона многу добро го знае.

Покрај тоа, добро е за Барселона што Мартинез е во добри односи со Лионел Меси како соиграчи во Аргентина. Заедно со играчот на ПСВ, Даниел Мален, тие се појавуваат како долгорочни цели на Каталонците.

Сега, сепак, на Барса и треба краткорочно решение. Според „Трансфермаркт“, Лаутаро е проценет на 40 милиони евра, но постојат индиции дека тој наскоро може да го обнови договорот со Интер, што значи дека ќе има нови параметри.

Таг
Back to top button
Close
Close