0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барса – Наполи може да се игра на неутрален терен

Според „РАЦ1“, УЕФА планира да го премести натпреварот од Барселона поради ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Барселона, 30 јули 2020 (МИА) – Реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи може да се игра на неутрален терен.

Според „РАЦ1“, УЕФА планира да го премести натпреварот од Барселона поради ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Се очекува УЕФА да им се обрати на здравствените власти на земјата со прашање за состојбата со ширењето на инфекцијата. Ако спроведувањето на натпреварот влијае на безбедноста на учесниците во натпреварот, тој ќе биде преместен на неутрален терен.

Одлуката се очекува да биде донесена до крајот на неделава.

Натпреварот треба да се одигра на 8 август, а првиот натпревар заврши 1: 1.

Таг
Back to top button
Close
Close