0_Спорт.ПорталФудбал

Барса го вклучува Кутињо во сите нивни трансфер планови

Бразилецот сезонава игра за Баерн Минхен. Сепак, тој досега не ги убеди целосно газдите на Баварците дека вреди да биде трајно привлечен. Напаѓачот од средниот ред има регистрирано 9 голови и 8 асистенции на 31 клупски настап оваа сезона.

Барселона, 6 март 2020 (МИА) – Барселона планира да го искористи Филипе Кутињо како дел од секој мега договор што клубот го склучува во следното трансфер лето.

Бразилецот сезонава игра за Баерн Минхен. Сепак, тој досега не ги убеди целосно газдите на Баварците дека вреди да биде трајно привлечен. Напаѓачот од средниот ред има регистрирано 9 голови и 8 асистенции на 31 клупски настап оваа сезона.

Според шпанските медиуми, „блаугранас“ веќе прави планови како да го искористи играчот доколку не го направи трансферот во Минхен. Се проценува дека Бразилецот ќе биде вклучен во секаква голема работа што ја прави клубот ова лето.

Ова важи и за евентуалниот трансфер на Нејмар од Пари Сен Жермен. Кутињо би бил вклучен во договорот за намалување на цената што ја бараат „парижаните“.

Таг
Back to top button
Close
Close