Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

 Барние: Во преговорите за Брегзит се движиме наназад наместо напред

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, не е задоволен од напредокот во преговорите со британската страна.

Брисел, 21 август 2020 (МИА) – Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, не е задоволен од напредокот во преговорите со британската страна.

-Ние се движиме наназад наместо напред, кратко изјави Барние по последната рунда разговори и изрази разочарување, јави Скај њуз.

Европските преговарачи ги обвинија британските колеги дека не покажале добра волја за постигнување компромис, а главниот преговарач на Велика Британија, лорд Дејвид Фрост, рече дека разговорите во Брисел се „корисни“, но без напредок.

-Договорот е се уште можен и тоа е нашата цел, но јасно е дека до него нема лесно да се дојде, рече лордот Фрост.

Следната рунда од преговорите е закажана за 7 септември во Лондон. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close