ЕвропаЕвропа.Портал

Барние: ЕУ подготвена за „амбициозен“ трговски договор со Лондон (видео)

ЕУ е подготвена да и понуди на Велика Британија „исклучително амбициозен“ трговски договор со нула тарифи и нула квоти за сите стоки. Тоа го изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, додека го презентираше мандатот за преговори по брегзит.

Брисел, 3 февруари 2020 (МИА) – ЕУ е подготвена да и понуди на Велика Британија „исклучително амбициозен“ трговски договор со нула тарифи и нула квоти за сите стоки. Тоа го изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, додека го презентираше мандатот за преговори по брегзит.

– Се надеваме дека со договорот ќе се покрие и дигиталната трговија и интелектуалната сопственост, додаде Барние.

Според него, ќе бидат потребни повеќе од 10 месеци за Брисел и Лондон да преговараат за договор за идните трговски односи.

Барние откри дека двете страни планираат да одржат 9 рунди разговори до октомври. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close