СветСвет.Портал

Баргес: Австралија е под голема закана на странските разузнавачки служби

Австралија е под невидена закана од странска шпионажа и обиди за мешање во внатрешните работи на земјата, изјави денеска генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Баргес

Сиднеј, 24 февруари 2020 (МИА) – Австралија е под невидена закана од странска шпионажа и обиди за мешање во внатрешните работи на земјата, изјави денеска генералниот директор на Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Баргес.

Тој додаде дека голем број држави се обидуваат да влијаат врз пратениците, владините службеници, медиумските личности, бизнисмените и научниците.

– Нивото на закани со кои сме соочени од странските шпионажи и мешањето во овој момент е без преседан. Странското мешање сега е поголемо отколку за време на Студената војна, посочи Баргес.

Но, тој не ги идентификуваше земјите кои се мешаат во внатрешните работи на Австралија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close