0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Барди стрелец во триумфот на Леванте на гостувањето кај Еспањол

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на вториот гол во денешната победа од 3:1 на Леванте на гостувањето во Барселона против Еспањол.

Барселона, 20 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди беше стрелец на вториот гол во денешната победа од 3:1 на Леванте на гостувањето во Барселона против Еспањол.

Барди погоди во 67. минута за во тој момент водство на Леванте со 2:1.

Леванте по овој дуел кој беше во рамките на 30.коло од Ла Лига се наоѓа на 11.место со 38 бода, додека Еспањол остана на последното (20. место) со 24 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close