0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барди со Леванте го доби Виљареал во четвртфиналето на шпанскиот куп

Мадрид, 29 јануари 2021 (МИА) – По денешната ждрепка познати се двојките за четвртфиналето во шпанскиот фудбалски куп. Тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, за противник го доби Виљареал. Средбата ќе се игра на теренот на Леванте.

Двојки за 1/4 финалето во „Копа дел Реј“:

Гранада – Барселона

Бетис – Атлетик Билбао

Леванте – Виљареал

Алмерија – Севиља.

Натпреварите ќе се одржат од 2 до 4 февруари.

Во 1/2 финалната фаза, противниците ќе одиграат два натпревари – на домашен терен и на гости (9-10 февруари и 2-3 март).

Победникот на Купот 2019/20 сè уште не е решен. Реал Сосиедад и Атлетик ќе се натпреваруваат за трофејот на 3 април. зс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close