0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Барди му донесе триумф на Леванте над Гранада

Со гол постигнат во самиот финиш, македонскиот репрезентативец Енис Барди му донесе победа на својот тим Леванте попладнево на гостински терен кај Гранада.

Гранада, 14 декември 2019 (МИА) – Со гол постигнат во самиот финиш, македонскиот репрезентативец Енис Барди му донесе победа на својот тим Леванте попладнево на гостински терен кај Гранада.

Леванте победи со 2:1, а покрај Леванте за гостите погоди и Рубен Рочина во 55. минута, додека стрелец на погодокот за домашниот тим беше Дарвин Мачис.

Со новите три бода Леванте има 23 бода по 17 кола и во моментов е на 11. место.

Гранада со 24 бода е на 9. место во очекување на другите средби од 17-та рунда во шпанската Примера. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close