0_Спорт.ПорталКошарка

Барак Обама стана стратешки партнер на НБА во Африка (видео)

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама стана стратешки партнер на новата НБА дивизија во Африка, се наведува на официјалната веб-страница на лигата.

Вашингтон, 28 јули 2021 (МИА) – Поранешниот претседател на САД, Барак Обама стана стратешки партнер на новата НБА дивизија во Африка, се наведува на официјалната веб-страница на лигата.

Според договорот, Обама ќе поседува малцински удел во НБА Африка. „Претседателот ќе и п

омогне на лигата да ги спроведе програмите и партнерствата што поддржуваат родова еднаквост и економска вклученост“, се вели во соопштението.

– Во Африка, кошарката може да придонесе за зајакнување, права, благосостојба и еднаквост низ целиот континент. Како претседател и основач на фондацијата, си поставив задача да привлечам млади луѓе од Африка. Тоа е затоа што Африка има највисок процент на млади во светот. И оваа нова генерација е подготвена за позитивна трансформација, порача Обама.

Во мај оваа година, НБА формално ја формираше НБА Африка дивизија за да управува со своите континентални бизниси, вклучително и Африканската кошаркарска лига (БАЛ). Истиот месец, лигата ја имаше својата прва сезона, чиј победник беше египетскиот клуб Замалек. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close