0_Спорт.ПорталФудбал

Балотели бара Бреша да го врати во тимот или да му плати обесштетување

Конфликтот меѓу контроверзниот фудбалер Марио Балотели и Бреша оди кон правна разрешница. Двете страни ангажираа адвокати, а случајот би можел да оди на суд.

Бреша, 1 јуни 2020 (МИА) – Конфликтот меѓу контроверзниот фудбалер Марио Балотели и Бреша оди кон правна разрешница. Двете страни ангажираа адвокати, а случајот би можел да оди на суд.

Играчот бара да биде вратен во тимот или да му се исплати значителен надомест. Во исто време, многу е веројатно Балотели ова лето да ја напушти Бреша, пренесува новинарот Николо Скира.

За 29-годишниот Италијанец се заинтересирани Галатасарај, Васко да Гама, Фламенго и Ботафого.

Договорот на Балотели со Бреша важи до јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close