0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Балак: Ван Дајк има среќа да не игра против напаѓачи како Дрогба, Ширер, Анри и Руни

Германецот смета дека дефанзивецот има среќа што не мора да игра против напаѓачи од класата на Дидие Дрогба, Алан Ширер, Тиери Анри, Вејн Руни и други.

Ливерпул, 24 мај 2020 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Челси, Михаел Балак, се чини дека не се согласува со тврдењата дека Вирџил ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

Германецот смета дека дефанзивецот има среќа што не мора да игра против напаѓачи од класата на Дидие Дрогба, Алан Ширер, Тиери Анри, Вејн Руни и други.

– Ван Дајк има многу среќа да игра во ера во која на Премиер лигата и недостасуваат играчи како Дидие Дрогба, Френк Лампард, Алан Ширер, Тиери Анри, Вејн Руни, Робин ван Перси, Карлос Тевез, Емануел Адебајор и Диего Кошта. Ништо чудно дека сите мислат дека тој е најдобриот дефанзивец во светот, рече Балак.

Таг
Back to top button
Close
Close