0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане

Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач.

Минхен, 1 јули 2020 (МИА) – Спортскиот директор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ ги негираше информациите на „Билд“ дека е договорен трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити, но призна дека преговорите се во тек.

– Имаме плодни разговори со претставниците на Сане и Сити. Но, ние мора да бидеме трпеливи, во моментов нема што друго да кажам, изјави Салихамиџиќ за официјалната веб-страница на Баварците.

Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач.

Менаџерот на граѓаните, пеп Гвардиола веќе призна дека Сане одбивал повторно да потпише со „небесносините“.

Таг
Back to top button
Close
Close