0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Баерн се вклучува во битката за Белерин

Сепак, Баварците можат да се соочат со сериозна конкуренција за потписот на 25-годишниот играч. Тој е посакуван и од Пари Сен Жермен, кој веќе даде понуда вредна 30 милиони евра, која беше одбиена.

Минхен, 8 септември 2020 (МИА) – Баерн е уште еден клуб кој има интерес за десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин. Германските гиганти бараат играч за оваа зона на нивна одбрана и клубот е насочен кон Шпанецот, пишува „Мирор“.

Сепак, Баварците можат да се соочат со сериозна конкуренција за потписот на 25-годишниот играч. Тој е посакуван и од Пари Сен Жермен, кој веќе даде понуда вредна 30 милиони евра, која беше одбиена.

Се проценува дека Британците за него сакаат 40 милиони евра.

Таг
Back to top button
Close
Close