0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн се откажа од купување на Хаверц

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека клубот не планира да потпише договор со играчот од средниот ред на Баер, Каи Хаврц.

Минхен, 4 август 2020 (МИА) – Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека клубот не планира да потпише договор со играчот од средниот ред на Баер, Каи Хаврц.

– Сигурен сум дека по Лерој Сане годинава нема да имаме големи трансфери. Тоа нема никаква врска со квалитетот на настапот на Хаверц. Сите сметаме дека тој е многу добар играч. Но, за време на периодот на коронавирус, не можам да замислам дека ќе можеме да најдеме вакви средства преку продажба на играчи, изјави Хенес.

Хаверц одигра 43 натпревари за Баер Леверкузен во сезоната 2019/20, постигна 17 голови и девет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на 21-годишниот Германец на 81 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close