0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн постигна 3+ голови за четири англиски клуба на гости во ЛШ

Баерн Минхен го совлада Челзи со 3:0 синоќа на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Лондон, 26 февруари 2020 (МИА) – Баерн Минхен го совлада Челзи со 3:0 синоќа на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тимот од Минхен постигна три или повеќе голови против англискиот клуб на гости по петти пат на турнирот од 2013 година наваму.

Претходно, ова се случи двапати на натпревари со Арсенал и по еднаш на натпревари со Манчестер Сити и Тотенхем. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close