0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Баерн по 20. пат го освои германскиот куп

Во финалето на фудбалскиот Куп на Германија, Баерн Минхен вечерва во Берлин го совлада Баер Леверкузен со 4:2.

Берлин, 4 јули 2020 (МИА) – Во финалето на фудбалскиот Куп на Германија, Баерн Минхен вечерва во Берлин го совлада Баер Леверкузен со 4:2.

За Баварците ова е 20-ти трофеј од националниот куп што е рекорд во германскиот фудбал.

Најблиску до Баерн е Вердер Бремен со шест трофеи.

Баерн трофејот од купот го додаде на шампионската титула од Бундеслигата. Ова е 13-та „дупла круна“ за Баерн. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close