0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн оствари средба Тухел

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, може да се врати во Германија во текот на летото. Баерн ги започна преговорите со 46-годишен сфудбалски стручњак, разговарајќи за неговото евентуално назначување на функцијата главен тренер на тимот следната сезона, пренесува „Скај спорт Дојчланд“.

Минхен, 4 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, може да се врати во Германија во текот на летото. Баерн ги започна преговорите со 46-годишен сфудбалски стручњак, разговарајќи за неговото евентуално назначување на функцијата главен тренер на тимот следната сезона, пренесува „Скај спорт Дојчланд“.

Екс-тренерот на Борусија Дортмунд е еден од главните кандидати за позицијата нов тренер на Баварците.

Во ноември минатата година, клубот од Минхен го разреши Нико Ковач и го назначи Ханс-Дитер Флик за в.д. тренер до крајот на сезоната. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close