0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн објави фотографија на Левандовски во кревет со сите трофеи во 2020 година

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својот официјален Твитер објави фотографија од напаѓачот Роберт Левандовски.

Минхен, 31 декември 2020 (МИА) – Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својот официјален Твитер објави фотографија од напаѓачот Роберт Левандовски.

На фотографијата, полскиот напаѓач лежи во кревет, опкружен со трофеи и индивидуални награди освоени во 2020 година.

Баварците оваа година освоија пет трофеи, вклучувајќи ги Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Левандовски доби бројни индивидуални награди, вклучително и од ФИФА, УЕФА и „Globe Soccer Awards“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close