0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн не постигна гол во Бундеслигата за прв пат од мај 2019 година

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, вчеравечер на домашен терен одигра нерешено 0:0 со Лајпциг на дуелот од 21. коло.

Минхен, 10 февруари 2020 (МИА) – Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, вчеравечер на домашен терен одигра нерешено 0:0 со Лајпциг на дуелот од 21. коло.

Ова беше прв натпревар по 11 мај 2019 година, на кој Баварците не постигнале гол. Тогаш тие одиграа исто така 0:0 против Лајпциг, тогаш на гостински терен.

По 21 коло во Бундеслигата, Баерн е прв на табелата со 43 бода, Лајпциг има 42, Борусија Дортмунд 39, Борусија Менхенгладбах 39 и натпревар помалку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close