0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн има намера да го купи Перишиќ

Луѓето од раководството и стручниот штаб на Баерн Минхен се задоволни од играта на играчот од средниот ред Иван Перишиќ кој има големи шанси да остане во баварскиот клуб.

Минхен, 22 август 2020 (МИА) – Луѓето од раководството и стручниот штаб на Баерн Минхен се задоволни од играта на играчот од средниот ред Иван Перишиќ кој има големи шанси да остане во баварскиот клуб.

Според германскиот весник „Билд“, Баварците ќе го купат Хрватот од Интер за 20 милиони евра, сума предвидена во закупот на играчот од средниот ред.

Минатата сезона Перишиќ постигна четири гола и четири асистенции на 22 натпревари во Бундеслигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close