0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн, Борусија и Порто може да се вратат во Лигата на шампионите

Комитетот на УЕФА ќе расправа за можното исклучување на клубовите основачи на Европската Супер лига од Лигата на шампионите, објавено е на Твитерот на Баерн Минхен. Доколку се исфрлат клубовите, победата во Лигата на шампионите автоматски може да биде доделена на четвртиот полуфиналист на ПСЖ, клуб кој не учествува во проектот на Супер лигата, или да бидат вратени во Лигата на шампионите, Баерн, Борусија Дортмунд и Порто, кои беа елиминирани во четвртфиналето.

Берлин, 20 април 2021 (МИА) – Комитетот на УЕФА ќе расправа за можното исклучување на клубовите основачи на Европската Супер лига од Лигата на шампионите, објавено е на Твитерот на Баерн Минхен. Доколку се исфрлат клубовите, победата во Лигата на шампионите автоматски може да биде доделена на четвртиот полуфиналист на ПСЖ, клуб кој не учествува во проектот на Супер лигата, или да бидат вратени во Лигата на шампионите, Баерн, Борусија Дортмунд и Порто, кои беа елиминирани во четвртфиналето.

За потсетување, ПСЖ, Манчестер сити, Реал Мадрид и Челзи изборија пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Пред два дена, врвни европски клубови најавија создавање на Супер лигата, помеѓу нив се  Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи.

УЕФА остро се спротивставува на Супер лигата. Во соопштението на организацијата се наведува дека клубовите што ќе учествуваат во ова натпреварување ќе бидат исклучени од евро-куповите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close