0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн ја забележа 16. последователна победа во евро-куповите и го повтори рекордот на Атлетико

Баерн го победи Салцбург (3:1) во 4. коло од Лигата на шампионите. Клубот од Минхен го доби својот 16-ти по ред натпревар во натпреварување организирано од УЕФА и го повтори достигнувањето на Атлетико.

Минхен, 26 ноември 2020 (МИА) – Баерн го победи Салцбург (3:1) во 4. коло од Лигата на шампионите. Клубот од Минхен го доби својот 16-ти по ред натпревар во натпреварување организирано од УЕФА и го повтори достигнувањето на Атлетико.

Баерн победи на 4 натпревари во оваа сезона, ја совлада Севиља во Суперкупот на Европа и беше посилен од своите противници на сите 11 натпревари од Лига на шампионите минатата сезона кога стана европски првак.

Атлетико имаше 16 победи од 2011 до 2012 година – во Лига Европа и Суперкупот на Европа.

Баерн ќе игра против Атлетико на 1 декември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close