Дописници МКДОпштински вести

Бадникова поворка по гостиварските улици

Повеќе од петстотини дечиња заедно со нивните роднини и други верници денеска учествуваа во Бадниковата поворка во Гостивар. Тие, носејќи макета на Витлеемската пештера и пееќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.

Гостивар, 6 јануари 2020 (МИА) – Повеќе од петстотини дечиња заедно со нивните роднини и други верници денеска учествуваа во Бадниковата поворка во Гостивар. Тие, носејќи макета на Витлеемската пештера и пееќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.

Поворката тргна од соборната црква „Пресвета Богородица” на градскиот плоштад поминаа низ градските улици и дојдоа во црквата „Св.Петка”.

Од гостиварското архиерејско намесништво на најмладите учесници во годинешната поворката ќе им бидат подарени пакетчиња.

Бадниковата поворка во Гостивар годинава се одржа по петти пат и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. згм/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close